Трамп на Твитер: Мислам дека оди на добро

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Твитер откако беше хоспитализиран поради Ковид-19.

„Мислам дека оди на добро! Ви благодарам на сите! Ве сакам”, напиша Трамп.

Тој беше префрлен во болница, откако неговиот лекар соопшти дека чувствува замор, има грозница и покачена температура. Според информациите од болницата, Трамп почнал да зема антивирусен лек Ремдесивир, а засега не му бил потребен  „дополнителен кислород“.

Позитивен на корона е и главниот менаџер на кампањата на Трамп, Бил Степиен и планира да остане во карантин се додека не се опорави, но ќе продолжи да ја контролира кампањата од далечина.

Остануваат триесет дена до крајот на кампањата, а сите најавени настани во кои се вклучени членови на семејството на Трамп се исто така привремено одложени.

„Сите други настани во рамките на кампањата ќе бидат разгледани од случај до случај и ние ќе го објавиме соодветното соопштение неколку дена однапред“, се вели од кампањата на Доналд Трамп.

 

Поврзани новости