СДСМ: Злоупотребата на полицијата за хирови на власта е одлика на диктатура

by Фокус

СДСМ го осуди односот на полицијата кон претседателот на СДСМ Центар и директор на ЈП Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ и повика да престанат провокациите со коишто, како што велат, на различни начини Груевски сака да ја спаси сопствената кожа преку подгревање тензии што се спротивни на интересите на граѓаните на Република Македонија.

-Злоупотребата на полиција што ја плаќаат сите граѓани, за пресметки поради лични хирови на власта е одлика само на земји во диктатура. Порачуваме дека нервозната власт на Никола Груевски ќе мора да се прибере и да се соочи со сопствената одговорност, напиша СДСМ во својата реакција на вчерашното приведување на Саша Богдановиќ.

Тој за Фокус изјави дека по завршувањето на натпреварот Работнички- МЗТ, полицијата го претепала и го привела без никаква причина. Додека бил во полициската станица никој не му кажал зошто е приведен.

Поврзани новости