СДСМ: Згрoзени сме од наставничката која носеше надгробен крст на жив човек

by fokus

Како просветен работник но и како човек, бев згрозена од сликата на одделенскиот наставник Жанета Петровска, на која држи крст со името на жив човек претставувајќи го како починат, реагираше денеска координаторка на советничката група на опозицијата предводена од СДСМ, Наташа Петровска.

-Наставникот треба да е пример за младите и пример во општеството воопшто, за тоа какви треба да бидеме како треба да се однесуваме како луѓе. Како координатор на советничката група на опозицијата предводена од СДСМ, како член на комисијата за јавни дејности при Советот на Општина Битола, а пред се како наставник, ја повикувам Снежана Петровска, раководителка на одделението за јавни дејности во Општина Битола јавно да се произнесе за случајот, рече Наташа Петровска.

Таа го повика и Здружението на просветни работници во Битола да ја осуди постапката и однесувањето на споменатиот наставник.

Поврзани новости