Илјадници земјоделци и нивните семејства го дочекуваат Велигден без пари, бидејќи не ги имаат добиено субвенциите за минатата година, а многумина од нив и за претходните неколку години, реагираат денеска од СДСМ на неисплаќањето на земјоделските субвенции.
-По смена на тројца директори на Платежната агенција, субвенциите не се исплаќаат, а Министерството за финансии молчи. Зошто земјоделците не ги добија своите субвенции што им следуваат по закон. Со недели се лажат земјоделците дека исплатата на субвенциите само што не почнала и секојднево се смислуваат нови изговори да не им ги исплатат парите, префрлувајки ја одговорноста од една на друга институција, изјави Љупчо Николовски од СДСМ.
Тој додаде дека земјоделците се оставени без субвенции токму во времето кога најмногу им се потребни за нови вложувања.