СДСМ: Здравствениот систем е срушен!

by Фокус

Опозицискиот СДСМ изрази рабирање за револтот на лекарите поради крајно понижувачкиот статус на здравствените работници, кои денеска протестираа во кругот на скопските клиники по нападот врз нивни колега.

Според оваа партија, здравствениот систем во Македонија е целосно срушен, болниците се руинирани, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, се случува пукање врз лекарите по клиниките, умираат родилки и бебиња…

– Поради целиот хаос лекарите протестираат. До крајот на неделава нема да работат амбулантите на Клиниката за дигестивна хирургија и нема да се извршуваат операции, освен во најитни случаи. Во 2013 година, во Македонија починале дури 229 доенчиња – изјави Јагода Шахпаска, пратеничка од редовите на социјалдемократите.

Поврзани новости