СДСМ: Заради непречено функционирање на Собранието потребно е пратеници кои се во изолација да работат од далечина

by Fokus

Институциите и во време на сериозните предизвици поради глобалната пандемија со коронавирусот, мора непречено да функционираат со целосен капацитет, во интерес на граѓаните. СДСМ како одговорна партија и како владејачко мнозинство во Собранието се залага за парламент кој ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности, влеат од владејачката партија.

СДСМ заради непречено функционирање на законодавниот дом во време на светска пандемија, вели дека е потребна промена на Деловникот за работа на Собранието, со цел воведување работа од далечина само на пратеници кои имаат решение за изолација.

-Ваквиот комбиниран модел значи дека само оние пратеници кои се заболени или кои се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, пристуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн. Во вакви тешки моменти и за нас и за светот, не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, без донесен Буџет за 2021 години или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите- велат од СДСМ.

Додека пак, опозицијата се противи на тоа, велејќи дека не е етички пратениците да не одат во Собрание, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал да се на своето работно место.

-Ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество , а не присуство, како што прецизно е утврдено и со Деловникот. Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето- напиша Милошоски вчера на својот фејсбук профил.

Поврзани новости