Залудно ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и министерот-лажго Спиро Ристовски се фалат дека вовеле „концепт на бесплатно образование“, кога трошоците за почеток на учебната година за еден ученик изнесуваат колку една минимална плата од 9.000 денари, реагираат денеска од СДСМ.
-За да ја започнат учебната година, родителите се изложени на огромни трошоци. Плаќаат за тетратки, ранци, осигурување, ужинка, за комплети за техничко образование и дневен престој. Во многу училишта од родителите се бара да платат за униформи, за обезбедување, но и за бели листови за копирање, за тоалетна хартија и сапун. Се’ е тоа огромен товар на семејниот буџет. Што е со оние семејства кои имаат двајца или тројца ученици? Како да се преживее септември со тројца ученици во семејството? Трошоците за почеток на училишната година за тројца ученици ја надминуваат просечната плата во Македонија која е помала од синдикалната минимална кошница, се вели во соопштението на СДСМ.
Од опозициската партија ветуваат дека кога ќе дојдат на власт ќе го олеснеле товарот на родителите и ќе воведеле програма за индивидуална поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и семејства со ниски примања