СДСМ за кампања планира 300-400 илјади евра

by Fokus

Референдумската кампања на СДСМ ќе чини само 300-400 илјади евра, пренесува Телма.

Прецизна пресметка нема ниту лидерот Зоран Заев, но нагласува дека парите се наменети само за закуп на медиумски простор.

Заев вели дека нема закажано средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, но дека секогаш има потреба од вакви средби. Партијата на Мицкоски се уште не одлучила каква кампања ќе води: за бојкот или за гласање против, но веќе размислува што би било ако референдумот не успее.

Поврзани новости