Го испрскале со солзавец и од ранецот му украле 140 илјади евра

by Fokus

Тројца разбојници го нападнале, го испрскале со спреј и од ранецот му земале 140.000 евра, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во во Струга во 14,20 часот Д.З.(26) од Прилеп пријавил дека на улицата “Битолски конгрес“ физички бил нападнат од страна на три непознати лица кои потоа го испрскале со спреј (солзавец) и му го земале ранецот во кој имало 8.800.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости