СДСМ: За брзо време ќе има нова влада, Груевски нека се помири дека е опозиција

by fokus

Никола Груевски мора да прифати дека постои ново парламентарно мнозинство кое е во процес на формирање на новата реформска Влада според мнозинската волја на граѓаните, одговара партијата на Зоран Заев кому денеска Никола Груевски му испрати предупредување дека жестоко ќе одговорат ако СДСМ се обиде да избере претседател на Собранието.

„Мора да се помири дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, а тој повеќе од една година не е премиер. Груевски што и да направи, не може да се наметне како фактор, затоа што неговото време во политиката заврши! Груевски лаже каде ќе стигне зборувајќи за наводни дестабилизации, федерализации, лажно претставувајќи се како премиер, затоа што е лажго. Но тоа нема да ја смени реалноста. Постои демократски формирано мнозинство од 67 народни избраници. Постои само еден документ што и е достапен на целата домашна и меѓународна јавност“, се наведува во соопштението.

Партијата истакнува дека она што недостига е здрав разум кај Груевски и Иванов на што повика меѓународниот фактор.

„Криминалците во ВМРО-ДПМНЕ го немаат. Разумните во ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат здрав разум. Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не смеaт да поттикнуваат насилство врз мнозинството од граѓаните и парламентарното мнозинство, поради заштита од одговорност за своите криминали. Брзо ќе има нов претседател на Собранието и нова реформска Влада на граѓаните на Р.Македонија формирана според Деловникот на Собранието, Уставот и законите на Република Македонија“, велат од СДСМ.

 

 

Поврзани новости