413
СДСМ денеска излезе со реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која опозициската партија најави таканаречени народни стражи за чување на изборниот процес, наведувајќи дека сите надлежни институции се целосно професионализирани и посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.
-Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и во недела масовно и слободно да го искористат своето право на глас, се наведува во соопштението од СДСМ.
Според СДСМ времето на злоупотреби на институциите, поткупот, уцените и заканите за предизборни партиски цели , заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција.