Мицкоски треба да знае што добива Македонија со влезот во ЕУ и НАТО, време е да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум, порачаа вечерва од СДСМ.
-Наместо за едно од најважните прашања во историјата на Македонија да го сведува на квиз прашање, конфузниот Христијан Мицкоски јавно да го каже ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот. Можеби Мицкоски сонува за амнестија но амнестија за криминал нема да има. Расчистувањето со криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и правда за сите е државен интерс. Мицкоски да не помислува да ја кочи македонската иднина. Нема да дозволиме Македонија да се врати назад во мрачното минато на изолација, криминал, корупција и неизвесност. Договорот со Грција обезбедува членство на Македонија со ЕУ и НАТО и го зајакнува македонскиот идентитет. Граѓаните ќе го имаат послендиот збор на референдум. Наместо да го брани Иванов и неговите штетни политики, Мицкоски треба да се охрабри и да ги повика членовите да излезат на референдум, велат од СДСМ.