397
-По партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ, раководните лица во јавните претпријатија, училиштата, градинките, болниците, општината и другите државни и локални институции вршат притисок врз дел од вработените. Први на удар се волонтерите, вработените со времени договори, со договор за дело и сезонските работници, реагира општинскиот комитет на СДСМ.
Од опозициската партија велат дека Никола Груевски и власта во Охрид деновиве вршеле невиден притисок и тортура врз дел од вработените во државната и јавната администрација.
Тврдат дека денеска во сите училишта во Охрид наставата ќе се одвива до 15:00 часот, а потоа вработените задолжително требало да заминат на митингот со организиран превоз со автобуси.