Ачковска: По неуспехот на кумановското сценарио, ни спремаат украинска драма

by Фокус

Над Македонија се надвиснати едновековните балкански сеништа кои сакаат разнебитување на државата, рече историчарката Виолета Ачковска, која прва се обрати на вечерашниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ, во име на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

– Ова е веќе видено во 2001 година, на ист начин и со повеќе исти актери. Откако успешно се справивме со терористите во Куманово, се активира план Б – украинска драма чиј крај не се гледа. Се појавуваат шаторите, а во меѓувреме ќе се појави некој македонски Кличко – рече Ачковска.

Таа ја повика власта да ја заштити мнозинската волја на македонските граѓани, бидејќи демократијата е почитување на правото и институциите.

Поврзани новости