Во разговорите кои предмалку беа објавени, според СДСМ, се докажува како вработени во МВР се користат за партиски цели за време на избори, а потоа се штитат да не одговараат.
Поточно СДСМ објави разговор, кои според нив, се водат меѓу министерката Гордана Јанкулоска и Мартин Протогер, во кој Протогер ја информира министерката дека собрал петмина вработени во МВР, да вршат партиски работи во Охрид, односно, како што вели, да им го држат стравот и на нивните, а министерката му забележува, како можел да ги избере најголемите, како што рече, багабонди.
Потоа во наредниот разговор, Мартин истакнува дека ангажираните луѓе од МВР направиле престап, па бара од министерката случајот да се среди, бидејќи бил пријавен во Внатрешна контрола. Потоа и министерката Јанкулоска се јавува на извесна Ане, да ја потсети да ја завршат работата како што треба, односно да излезат чисти. Од соговорничката добива потврда дека, цитирам: „се разбира нашите мора да бидат чисти“.