Во ВМРО-ДПМНЕ никој не може да му побара оставка на Диме Спасов, зашто цело тесно раководство е како него, реагираат денеска од СДСМ.
-Тодоров ја носи на совест смртта на малата Тамара, којашто поради негрижа не доби шанса да се лекува во странство.
-Груевски со фамилијата го носи на совест Мартин Нешковски, кој беше претепан до смрт на денот кога ВМРО-ДПМНЕ славеше победа на украдени избори.
-73 годишен човек загина на улица од обезбедување на Сашо Мијалков.
-Последно од она што е познато, 22 годишно момче загина во сообраќајна несреќа од долгогодишниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски. За уште колку случаи на лудилото со коешто владее ВМРО-ДПМНЕ јавноста не знае?, прашуваат од СДСМ.
Од СДСМ порачуваат дека ќе има одговорност за сите зло дела на власта на Никола Груевски врз граѓаните.