СДСМ во одбрана на Заев: Ставот на Заев е став на партијата и државата

by fokus

Министрите Мила Царовска, Радмила Шекеринска, Бојан Маричиќ, Венко Филипче, вицепремиерот Љупчо Николовски, потпретседателите на СДСМ, Коста Петров и Мухамед Зекири, пратеникот Коста Костадинов, но и многу други партиски функционери и членови на органите на партијата застанаа во одбрана на премиерот Зоран Заев и неговите јавно искажани ставови кои деновиве се во фокусот на медиумите.

Попладнето и вечерва голем број членови на СДСМ, пред се од раководните органи на партијата на своите профили на социјалните мрежи го споделуваа истиот став, кој воедно е став на партијата во целина. Сите напишаа дека зад ставот на Заев стои партијата и партиските органи.

-Секој има право на свое мислење и став, дури и кога доаѓа после години молк. Но граѓаните и СДСМ, одамна и на време избраа европска иднина. Избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно и практично ја движат македонската држава и целиот наш македонски народ кон исполнување на стратешките цели НАТО и ЕУ. Денеска резултатите на политиките на СДСМ и на Владата предводена од СДСМ се видливи на дело, а не само на зборови.Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ.Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори, наведуваат во постовите, раководните лица на партијата.

Ваквата порака од СДСМ стасува по критиките на Заев во јавноста и по објавата на Бранко Црвенковски дека го замрзнува членството во партијата.

Поврзани новости