Бугарско МНР: Софија ја цени брзата реакција на Скопје за говорот на омраза против Бугарија

by fokus

Софија ја цени брзата реакција на Скопје против провокациите. Оваа позиција е изнесена, откако денеска во бугарското Министерството за надворешни работи на разговор бил поканет вршителот на работи амбасадор на Република Северна Македонија во Бугарија, јави БГНЕС.

На состанокот во бугарското МНР бугарската страна нагласила дека ги цени брзите реакции на властите во Скопје во врска со случајот на палење на бугарското знаме и појавите на говор на омраза на социјалните медиуми против членови на бугарската Влада.

Поврзани новости