СДСМ: Во чии џебови завршила разликата од поскапите машини на градоначалниците на ДПМНЕ?

by fokus

Аферата со купувањето поскапи машини за неколкупати повисоки над реалната цела добива нов аспект, велат денеска од СДСМ.

-Веќе објавивме, општина Велес, раководена од ДПМНЕ купила една машина за бележење хоризонтална сигнализација за околу 42.000 евра. Еве го тој договор.

За споредба, други општини, како општина Центар, купила иста таква машина, за три пати помала цена, односно околу 13.000 евра. Еве го договорот.

Разликата е огромна, или точно 29.000 илјади евра! Само од една машина.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Овој скандал се продлабочува затоа што Јавното претпријатие Дервен од Велес нема регистрирана дејност за сообраќаен инженеринг.

Овие факти се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.

СДСМ уште еднаш ги повикува: надлежното Обвинителство и Антикорупциската комисија да постапат.

Одговорност за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има, рече Петар Петковски, потпретседател на СДММ.

Поврзани новости