СДСМ: Во Буџетот за 2017 ги нема 140 градинки кои ги вети Груевски

by fokus

Дамјан Манчевски од СДСМ тврди дека во предлог буџетот за 2017 година никаде ги нема 140. детски градинки кои лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски вети дека ќе ги изгради за три и пол години, во вредност од 25 милиони евра.

-Во предлог-Буџетот за 2017 година, за изградба, опремување и одржување на градинки, за следните три години има само еден милион двеста и деведесет илјади евра. Со други зборови, Никола Груевски повторно лаже. Обвинетиот Груевски не може ниту да ветува, ниту да реализира проекти од интерес на граѓаните. Тој со години, парите на граѓаните ги фрла на раскош и луксуз, кои изедоа илјадници градинки, рече Манчевски.

Поврзани новости