„ВМРО-ОКГ не повикува на обединување на граѓаните, туку бара алиби за сопственото неисполнување на реформите. За што да се обединиме? За криминал и корупција? За блокада на патот кон ЕУ? За изолација на Македонија?“ прашуваат денеска од СДСМ.
Од опозициската партија велат „Може да ги исполни реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, а ние од СДСМ ќе го поддржиме тоа. Тоа би било вистинско обединување – во интерес на граѓаните на Македонија и во интерес на европската иднина на државата“.
„СДСМ ќе поддржи сè што е во интерес на граѓаните, но нема да даде алиби за неисполнување на тоа што Мицкоски лично го вети до 1. јуни. Мицкоски, уште 12 дена остануваат до уште едно признание – дека организираната криминална група ВМРО всушност не сака во ЕУ. За сето ова не му е потребен СДСМ, како што не му беше потребен ни за укинување на техничката влада. Како што кажаа од ВМРО, а Мицкоски потврди, дека можат без нас да ги завршат реформите – нека ги исполнат. Доста веќе лаги и манипулации“ е ставот на СДСМ.