Во очајнички обид да ги засени успешните проекти на Владата предводена од СДСМ и во страв од извесниот убедлив пораз на претстојните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно создава лажни вести со што се обидува да внесе страв кај граѓаните, реагира СДСМ, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, со кое ја обвинија власта за неконтролирано трошење на народните пари.
Од патријата наведуват дека е лажна и вест дека ќе се градат станови за бегалци, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ и тоа во општините во кои што опозициската партија знае дека убедливо ќе загуби на локалните избори.
„Лажна вест е дека се укинува зголемувањето на пензиите. Пензиониерите годинава ќе добијат дополнителни над 2000 денари на досегашната пензија, за разлика од ланските 600 денари. ВМРО-ДПМНЕ лаже.
Лажна вест е дека ќе се враќаат сините картони, како што беше лажна вест и морбидната приказна за наводно почината девојка поради лекарска негрижа, што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно со денови ја пласираше во јавноста. Исто како што беше лажна веста дека има почитано лице во пожарите, иако ниту една надлежна институција официјално не соопшти дека лицето починало во пожар“, се наведува во реакцијата..
Од СДСМ предупредуваат дека ваквите скандалозни и бесмислени лажни вести не му наштетуваат ниту на СДСМ, ниту на Владата што ја предводи. Ваквите лажни вести се против јавниот интерес и имаат за цел да шират паника, да си поигруваат со емоциите на граѓаните и со човечките судбини,
„Додека беа владејачка партија ги плашеа граѓаните со бркање од работа, апсења и насилство, а сега продолжуваат со лажни вести што од ден на ден стануваат се поскандалозни и поморбидни.Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да заработат ситни политички поени. Граѓаните се внимателни и ја препознаваат разликата помеѓу лагите, криминалот и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ наспроти домаќинското, одговорно и отчетно работење во интерес на граѓаните, од страна на Владата предводена од СДСМ, стои во реакцијата на СДСМ.