СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција

by fokus

Со одлуките што ги донесе ДИК покажа дека не е ниво на сериозната задача што ја има во врска заштитата на сите аспекти од изборниот процес, порача СДСМ откако Државната изборна комисија ги одби сите осум приговори на партијата за изборните резултати.

-Институциите на државата мора да работат во сложба на граѓаните и да ја почитуваат волјата на граѓаните на Република Македонија.И покрај се што се случува, неколку работи се кристално јасни.Граѓаните избраа живот и тие промени веќе се случуваат. Нема повеќе место во политиката за личности како Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција – рекоа од партијата.

Поврзани новости