ДИК го отфрли и последниот приговор на СДСМ

by fokus

Со 4 гласа „за” и 4 „против”, Државната изборна комисија го отфрли и последниот приговор на СДСМ и не прифати поништување на гласачкото место во општина Теарце. Членот на ДИК од ДУИ, Субхи Јакупи, се изземал од гласање.

Инаку, членовите на Комисијата цел ден расправаа за последниот приговор на СДСМ за исчезнатото ливче од гласачка кутија, додека надвор траеше протестот на ВМРО-ДПМНЕ. Пред седиштето на ДИК настап имаше и Никола Груевски кој рече дека нема да ги прифатат одлуките на Комисијата за прегласување на спорните избирачки места.

Од сите 16 приговори поднесени до ДИК, прифатен е само еден на БЕСА, за кој е одлучено да има прегласување, во избирачко место во Гостивар.

Поврзани новости