-Знае ли ВМРО-ДПМНЕ што зборува? Зарем иселувањето на младите го смета за „успешна“ политика? Колку е „успешна“ политиката на сегашната власт покажуваат и податоците дека за само неколку години најмалку 10.000 фирми се затворени во Македонија. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не живее во реалноста. Граѓаните сакаат промени и тој факт ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да го прифати, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се вели дека власта води успешна економска политика.
Од СДСМ велат дека кога веќе се повикувале на ММФ и на Светска банка, ВМРО-ДПМНЕ требало да каже дека токму спроед Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до јануари 2015 година, вкупниот надворешен долг на Македонија изнесува 59.5% од БДП.
-Граѓаните секој ден ги чувствуваат последиците од лошите политики на Никола Груевски. Доволно е само да погледнат во својот фрижидер или во својот џеб и да видат паднат стандард, економско уназадување, сиромаштија…За тоа, колку е голем очајот и безнадежноста во Македонија покажува податокот на Светска банка дека во изминатите години од земјава се иселиле над 600 илјади граѓани, во најголем број млади, велат од СДСМ.