СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ конечно да покаже одговорност кон граѓаните и државата

by fokus

Неопходно е ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престане да се однесува деструктивно и да ги дестабилизира државата и граѓаните, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Раководството на ВМРО-ДПМНЕ веќе нанесе штета на граѓаните со тоа што ги остави 5 месеци без нова Влада, а од денеска и без градоначалници и советници. Парламентарното мнозинство, како што вети, нема да го дозволи хаосот што го планираат Никола Груевски и соработниците за да го избегнат соочувањето со правдата. За таа цел денеска е договорено да се направат законски измени со коишто ќе биде утврден датумот за локалните избори, а во меѓувреме ќе биде продолжен мандатот на досегашните локални власти. Повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се постави конструктивно, да престанат со приземните политики на задоволување лични интереси и конечно да покажат одговорност кон граѓаните и државата, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател, а согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада.

Поврзани новости