СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува несреќата на граѓаните заболени од коронавирусот

by Fokus

Морбидноста на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно достигнува сериозни размери, реагираат од СДСМ.

Од СДСМ реагираат на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека додека Мицкоски глуми загриженост, а членот на неговиот Извршен Комитет, Вело Марковски јавно ги оспорува мерките за заштита, го поткопува здравствениот систем и навива што повеќе луѓе да се заразат.

-Додека илјадници семејства се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ починатите и заболените ги сведе на статистика, на бројка за да прави настани и перформанси со кои ги злоупотребува во дневнопартиски цели. Со таквото неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Марковски остануваат најголема закана за јавното здравје, стои во реакцијата.

Поврзани новости