Запленета дрога, приведен дилер во Скопје

by Fokus

При претрес кај едно лице од Скопје полицијата пронајде над еден килограм марихуана, таблети, амфетамин, една вага и пари, по што лицето е приведено.

-Во рамките на засилените мерки и активности на МВР за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, СВР Скопје- Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје на 16.11.2020 околу 19 часот изврши претрес во дом и други простории кај Ф.Д. (37) од Скопје. При претресот кај лицето пронајдена е над еден килограм марихуана, таблети, амфетамин, една вага и пари, соопшти МВР.

Според полицијата, лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка.

Поврзани новости