СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров го урнисаа здравствениот систем во Македонија

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да профитира од несреќата на граѓаните, реагираат од СДСМ, откако ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност од министерот за здравство, Арбен Таравари за двајцата починати во гостиварско.

„ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот министер Никола Тодоров го урниса здравствениот систем и  газеше врз достоинството на лекарите и пациентите. Водејќи се исклучиво од коруптивни и бизнис интереси и криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров здравствениот систем на Македонија го направија еден од најлошите и најсмртоносните во Европа“, наведува СДСМ во реакцијата.

Поврзани новости