-ВМРО-ДПМНЕ, преку нејзините претставници во Државната изборна комисија, го одолговлекува целосното комплетирање на ДИК и го минираа изборот на Генерален секретар. На синоќешната седница на ДИК, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа одложување на изборот на Генерален секретар на ДИК, во моментите кога требаше да се одлучи помеѓу тројца кандидати коишто имале најмногу бодови, согласно објавениот Оглас и утврдениот Правилник, реагира СДСМ во денешното соопштение.
Од СДСМ објаснуваат дека Кандидационата комисија составена од експерите во рамки на ДИК предложила за Генералниот секретар да се избере оној кандидат којшто имал најмногу бодови, согласно законската постапка, транспарентниот оглас и Правилникот.
-Во тој момент претставнците на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК побараа прекинување, односно одложивање на седницата на ДИК за избор на Генерален секретар за 04.01.2016 година, поради наводни консултации. Иако претставниците на ВМРО-ДПМНЕ немале никакви забелешки за постапката сепак го минираа изборот на Генерален секретар на ДИК. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со тактиката на одолговлекување и прекршување на договорот од Пржино, се вели во сооштението на СДСМ.