ВМРО-ДПМНЕ е симбол за расипништво, странските инвестиции само во првите тримесеци од 2018 се поголеми од оние за цела 2017 година, реагираат од СДСМ на денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за лошите економски политики.
-ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги осиромашуваше и задолжуваше граѓаните и државата и стана симболза расипништво, а во десет години ниту еднаш не предаде Фискална стратегија во законскипредвидениот рок.Поради таквото расипничко и криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот изатоа опозициската партија денес нема нема никаков кредибилитет да зборува за економија ифискални стратегии.За разлика од 11 годишното пустошење на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владатапредводена од СДСМ за неполна година успеа да ги санира штетите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и да ја стабилизира и раздвижи економијата. Потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ се иофицијалните податоци на Народната банка на Република Македонија според кои само во првитетри месеци во државата се влезени 235 милиони евра од странски инвестиции. Тоа е повеќеотколку во цела 2017 година кога вкупните странски инвестиции изнесувале 227.5 милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ.