411
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажува огромна нервоза и безочно лаже, реагираа вечерва од СДСМ на обвинувањата дека власта им нудела пари на пратениците и им се заканувала за да гласаат за уставните измени.
-Најостро ги демантираме изнесените лаги дека претставници од мнозинството вршеле некаков притисок или на кој било пратеник му се нудени пари или дека некој му се заканувал или ги уценувал. За изнесените невистини ќе поднесеме и соодветни тужби до надлежните служби” рече Коста Костадинов од СДСМ додавајќи дека тие „лаги” ќе требало да ги докажат пред суд.