ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го инволвира СДСМ во сопствените внатрепартиски поделби, реагира владејачката партија откако опозициската партија ја обвини дека стои зад вчерашниот напад врз нејзиното партиско седиште.
„Нема прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која не се соопштени измислици, лажни обвинувања, конструкции и невистина. Притоа, самата ВМРО-ДПМНЕ се повикува на „непотврдени“ и неофицијални информации. Тоа е нечесен пристап и непочитување на граѓаните. Ниту имало некакви средби како што измислива ВМРО-ДПМНЕ ниту пак СДСМ има било каква поврзаност со случајот“, соопштија социјалдемократите.
Претходно, од ДПМНЕ обвинија дека двајца градоначалници на СДСМ на средба во едно скопско кафуле со лица со криминално досие го договориле вчерашниот напад на седиштето на опозициската партија, кое беше офарбано со црвена боја.