358
-ВМРО-ДПМНЕ и на Илинден не успеа да се надмине себеси и не се откажа од црните пропаганди, од туркањето на граѓаните кон поделби и од злоупотреба на државните функции и ресурси, реагираат од СДСМ на денешните говори на претставниците од власта.
Од СДСМ порачуваат дека Илинден не е за поделби и оти, како што велат, нема поголемо предавство од тоа да ги делиш сопствените граѓани.
-Нам, на граѓаните ни е доста од вашите поделби! Сакале вие или не, во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита! Сакале или не, после дождот сонце доаѓа!- велат од СДСМ.