Опозицискиот СДСМ објави дека на денот на локалните избори Никола Груевски барал да се забрза процесот со неопределените гласачи, а ако треба сами ќе ги водат од дома. Според објавените аудио-снимки, Ванчо Костадинов бил ангажиран во општина Центар.
Во еден од разговорите, Костадинов му предлага на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денот на локалните избори во Центар, да се организира бесплатно шетање на пензионерите на некои атрактивни локации во Грција или Србија и да ги задржат на граница, за да не успеат да стигнат на гласање. Јанакески тврди дека тој што треба да го организира тоа, нема да успее бидејќи е глуп, па место тие од СДСМ, ќе ги прати вмровските пензионери.
Исто така, во аудио-снимките може да се слушне и како се реализираат вработувањата по партиска линија, при што претходно се прават списоци со имиња. Во телефонски разговор меѓу Влатко Костадинов и Влатко Чинговски како фирмите што не им даваат поддршка да се соочат со притисоци и драконски казни.