Од опозициската СДСМ реагира на денешното рекордно задолжување на владата со еврообврзница во вредност од 650 милиони евра.
„Оваа криминално-корупциска власт намерно бега од ИПА-фондовите и од достапните европски пари, за да може да се задолжува со пари што може да ги троши без контрола“, истакна пратеничката на СДСМ, Лидија Димова.
Таа потенцира дека парите од ИПА-фондовите е тешко да се користат без контрола на европските институции.
– Тоа што Европската комисија одлучи да скрати 96,1 милиони евра од средствата од ИПА за Македонија, е јасен сигнал дека европските институции покажуваат недоверба кон намерите на оваа власт, која работи спротивно на интересите на граѓаните. Исто така, очигледно дека Европската комисија покажува недоверба во капацитетите на институциите што ги раководи оваа власт за успешно и за транспарентно користење на парите од ИПА-фондовите во проекти од интерес за граѓаните – додаде Димова.