„Поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните на Македонија за време на 11-Вгодишното криминално владеење немало досега“, реагираат од СДСМ.
Реакцијата на СДСМ доаѓа по изјавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека со ребалансот на Буџетот дополнително ќе се зголеми долгот на државата и дека по повеќето напади кон претходната влада за прекумерно задолжување, СДСМ го прави истото.
„ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше расипнички, тајно и нетранспарентно, а парите од скапите задолжувања ги трошеше непродуктивно и за луксузирање и криминално богатење на поединци. Таквиот расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните резултираше со јавен долг од над 50 отсто од БДП, со околу 500. 000 осиромашени граѓани и над 180.000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно“, стои во реакцијата од СДСМ.
Според оваа партија, ребалансот на Буџетот е првиот чекор кон поправање на економските штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на парите назад кај граѓаните.
„Преку ребалансот се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се намалуваат животните трошоци и се создаваат услови за придвижување на економијата и за севкупен економски раст“, стои во реакцијата од владеечката партија.