Владата предводена од СДСМ презеде навремени и сериозни мерки за ублажување на првичните удари на коронакризата и постави основа за брза трансформација на нашата економија. Во тек е реализација на третиот пакет економски мерки со кој се зголемуваат јавната и приватната потрошувачка на граѓаните, со цел заjaкнување на нашата економија, велат СДСМ во своето соопштение.
– За прв пат, 324.479 граѓани добиваат директна парична поддршка од државата за да се зголеми куповната моќ и да се стимулира приватната потрошувачка. Со оваа мерка 28 милиони евра преку граѓаните, одат директно во домашната економија и тоа за купување домашни производи и услуги во домашни стопански субјекти. Средствата веќе се исплатени на деветте банки издавачи на домашната картички, а банките досега имаат испечатено околу 50.000 картички кои согласно роковите, до 18 јули ќе им бидат поделени на граѓаните корисници на оваа мерка, велат од партијата
Картичка со 9.000 денари добиваат невработените, активни баратели на работа кои оствариле примања до 180.000 денари во текот на 2019 година и до 60.000 денари од јануари до април годинава, како и примателите на социјална заштита.
Ваучер за домашен туризам вреден 6.000 денари и финансиска помош до 3.000 денари на платежна картичка добиваат, вработените кои за периодот од јануари до април годинава оствариле примања до 60.000 денари.
Средношколците и студентите од 16 до 29 години добиваат платежни картички со вредност до 3.000 денари, а над 4.300 здравствени работници кои беа на првата линија во борбата против коронавирусот на картичка ќе добијат 40 проценти од последната основна нето плата.
-Граѓаните нема потреба да аплицираат за домашната платежна картичка, туку истата ќе ја добијат системски и едноставно, дури и во случај да имаат блокирана сметка. На интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да се информираат за тоа дали се корисници на картичката, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање. Овие платежни картички и ваучери се само дел од трите пакети мерки кои обезбедуваат нова развој на македонска економија. СДСМ во изминатите три години како владејачка партија покажа дека се води од концептот парите да завршуваат кај граѓаните. И во време на пандемија и глобална економска криза, веруваме во концептот, кој сериозно го зголемува животниот стандард на граѓаните, порачуваат од СДСМ.