На една од снимките на СДСМ се слушаат министерката Јанкуловска и Виктор Цветковски, порнешен член на СДСМ, а сега во ГРОМ на Стевче Јакимовски. Од содржината произлегува дека Цветковски на изборите работел за ВМРО ДПМНЕ, а не за својата партија.
Јанкуловска од него бара бројка на гласачи кои може да се очекува дека ќе гласаат за нив во Куманово. Цветковски пак ја уверува дека има контрола врз многу гласачи, а тоа го покажал во првиот изборен круг. За вториот круг, тој на снимката тврди е направен список на раселените кои со возила ќе бидат пренесувани да гласаат.
Ова за СДСМ е доказ дека се случувал изборен криминал, кој на ВМРО ДПМНЕ не им поминал во Куманово. Во врска со псевдонимите кои се појавуваат на снимките, како Хитлер и Снајпер, на пресот беше посочено дека станува збор за Сашо Митевски од Кманово, и за еден. поренешен пратеник во парламентот.
Пресот заврши со повик до граѓаните вечерва да се соберат пред зградата на општината каде ќе се одржи собир со Зоран Заев.