СДСМ ветува отчетно трошење на народните пари

by fokus

По преземањето на власта, сите државни институции ќе имаат обврска да објавуваат детални месечни извештаи за сите исплатени пари од Буџетот, а ќе се објавуваат и обврските коишто не се исплатени, заедно со образложение зошто тоа не е сторено, порача генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

-Секој буџетски денар мора да биде на ваш увид и тоа многу брзо ќе се случи. Времето на неодговорни политичари завршува – изјави Спасовски во Охрид.

Моментално, јавноста може да има увид за долговите што иснтитуциите ги имаат по основ на преземени обврски кон кредитори, но не и кон добавувачи, кои се огромни.

 

Поврзани новости