Николовски: Криминалната исплата на субвенциите го уништија земјоделството

by fokus

Селективниот, криминален и клиентелистички пристап во распределбата на субвенции придонесе реалната слика во земјоделството да е катастрофална, реагираше дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски на говорот на заменик-министерот за земјоделство од редовите ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Костадиновски, кој на партиска трибина се пофали дека во последните десетина години се исплатени милијарда евра кон земјоделците.

-Ако навистина е така, тогаш со сигурност на дело ќе се видеа резултатите и благодетите за секој земјоделец. Единствено видливо е намалувањето на бројот на крупниот добиток за 18.000 грла, кај свињите е намален за 26.000, а кај овците имаме намалување од 38.000 грла и тоа само за последните 5 години. Ако на тоа додадеме 200.000 хектари необработени земјоделска површина, неколку пати зголемен увоз на прехрамбени и земјоделски производи, притисок и закани кон земјоделците, кои едвај врзуваат крај со крај за да преживеат, доволно кажува во каква состојба е земјоделството – рече Николовски.

Поврзани новости