СДСМ: Управниот суд работи по партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Од СДСМ истакнуваат дека Управниот суд наместо да си ја врши работата, следел партиска директива.

„Одлуката на Управниот суд е уште една потврда дека во Македонија нема институции, односно дека сè е партија. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сè над правото, над законот, над Уставот. Очекувано, уште еднаш се потврдија двојните аршини на власта и селективната примена на законите. Тоа што во 2011 година важеше за ВМРО-ДПМНЕ сега не важи за никој друг“, тврди Петре Шилегов.

Тој додаде дека СДСМ останува доследен на своите ставови.

„Не ги прифаќаме криминалните избори кои ги спроведе Никола Груевски ниту пак ќе ја промениме одлуката за неприфаќањето на мандатите. Правните игри на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја решат политичката криза. СДСМ презеде обврска пред граѓаните и ќе истрае во борбата за правда, почитување на законите и создавање на услови за одржување на фер и демократски избори, рече Шилегов.

 

Поврзани новости