Жртва на насилство бараше помош, доби пријава за лажно сведочење

by Фокус

Против неа е поднесена пријава за лажно сведочење, поради што фејсбук групата „Поддршка за Наташа Величковска“, повикува на протест кој ќе се одржи во понеделник, во 11.30 часот, пред Основниот суд во Крива Паланка.

„На 26 мај, Наташа Величковска – мајка, жена, но најпрвин човечко битие, која беше малтретирана, тепана и силувана ќе биде тужена на судот во Крива Паланка за лажно сведочење. Модриците на нејзиното тело и телефонските пораки покажуваат нешто сосема спротивно. Да се солидаризираме со Наташа, која беше храбра сето оваа да го изнесе во јавноста. Постојат уште многу Наташа, кои се плашат да ги раскажат своите и туѓите приказни. Да им покажеме дека не се сами и да повикаме да престане насилството врз жените“, се наведува во повикот.

Величковска обвинуваше дека веќе три години е жртва на физичко насилство од поранешниот партнер. Таа неколку пати насилството го пријавил во полициска станица, но не дочекала судска разрешница, бидејќи како што изјави за „Фокус“, поради страв од нови закани и уцени, се повлекувала да ја истера правната битка. Нејзината приказна ја обелоденија уште неколку медиуми, по што доби и јавна поддршка од граѓаните кои се обединија на социјалните мрежи. Фејсбук групата „Поддршка за Наташа Величковска“ брои околу 3.000 членови.

Поврзани новости