СДСМ: Управниот суд е надлежен за верификацијата на мандатите

by Фокус

Ако некое право и слобода е повредено и доколку за тоа не е обезбедена друга судска заштита во тој случај одлучува Управниот суд, посочи денеска СДСМ алудирајќи на петочната одлука на судот да ја отфрли тужбата на опозициската партија за, како што велат социјалдемократите, насилната верификација на нивните пратенички мандати.

„Оттаму сите манипулации на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се очаен обид за барање изговори за последиците од нивното незрело 8-годишно владеење“, стои во писмената реакција на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш реагираше.

„Тонејќи во жива кал, со себе се обидуваат да ја повлечат и државата. На СДСМ воопшто не им е важно тоа што нивното срамно, неодговорно и несовесно однесување и носи, и ќе и носи штета на Македонија. Со обидите за сценирање на некаква си политичка криза во Македонија, СДСМ се обидува да ја прикрие својата криза“, се вели во дописот од владејачката партија.

Поврзани новости