533
Управата за јавни приходи да не помисли да ги блокира сметките на граѓаните за радиодифузна такса, реагираат од СДСМ откако УЈП ја објави листата на должници за радиодифузна такса за кои има решенија за присилна наплата.
-Нема право УЈП да си поигрува со егзистенцијата на десетици илјади луѓе кои живеат во тешка сиромаштија како и мнозинството граѓани во Македонија, токму поради политиките на арач на алчната власт на Груевски. УЈП е инструмент на неправедната власт, која калеми и толерира милионски долгови на јавните претпријатија, ама сака да им го одземе лебот на сиромашните, се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ уште еднаш најави дека кога ќе дојде на власт, според нив на 11 декември, веднаш ќе ја укине радиодифузната такса.