СДСМ: Учебната година започна без учебници за учениците!

by Фокус

Иако почна учебната година, многу ученици, поради доцнење на тендерските набавки, се сеуште без учебници, а има и такви кои се без клупи и столчиња, велат од СДСМ.

„За оваа состојба директно е виновно Министерството за образование и наука, кое ги отвори понудите од јавната набавка на опрема за основни и средни училишта на само четири дена пред почетокот на учебната година. Крајниот рок за пријавување на огласот за јавна набавка за подготовка, превод, печатење и дистрибуција на учебници беше два дена по почетокот на учебната година. Очигледно, за одговорните во МОН, плажите и одморот беа поважни отколку учениците“, соопштија социјалдемократите.

Поврзани новости