СДСМ: Црнилата беа и остануваат симбол на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Мицкоски може да излезе на улица, но не може да излезе од криминалната и деструктивна матрица на Никола Груевски и неговите соработници, велат од СДСМ како реакција на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пионот Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните, нема идеја, нема програма, ниту план. Наместо тоа, нуди само деструкција, тензии и блокади. Црнилата беа и остануваат симбол на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од осудениот криминалец Груевски“, велат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека Мицкоски може да повикува на протести и да протестира колку сака бидејќи граѓаните ја гледаат разликата меѓу расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ.

„По 11 години изолација, стагнација и неизвесност, Македонија, за нешто повеќе од една година се врати на евроинтеграцискиот процес, се гради како едно општество за сите во кое институциите работат за граѓаните и нивните интереси“, стои во соопштението.

Поврзани новости