Куче каснало двегодишно дете

by fokus

Двегодишно дете во петокот го каснало куче, додека било заедно со неговата мајка, а кучето било со сопственик.

-На 24.11.2018 година во 21,00 часот Н.Ц. (27) од Скопје пријавила дека на 23.11.2018 година околу 20,00 часот, на ул.Козле, нејзината двегодишна ќерка била касната од куче. Веднаш потоа сопственичката на возраст од 50-60 години, заедно со кучето се оддалечила во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости