За период од еден месец на МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа се емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 19 часа и 57 минути и негативните прилози за СДСМ со времетраење од 9 часа и 48 минути информираат од СДСМ.
– Тоа се 20 часови континуирана, секојдневна пропаганда. Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема. Ама затоа негативните прилози за СДСМ се со времетраење од 9 часа и 48 минути. Наместо објективно, избалансирано, навремено и вистинско информирање на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и водат медиумска пропаганда во интерес на ВМРО-ДПМНЕ. Овие податоци се уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните – се наведува во соопштението на СДСМ.