И Никола Груевски ја најави својата оставка ама „Курир“, „Република“, и “Радио слободна Македонија” се уште молчат за високите, милионски приходи. Тишина владее кај овие медиуми од каде им се милионите на нивните сметки, реагираа денеска од СДСМ.
– Дури три милиони евра за фабриката за лаги на Никола Груевски! Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра. Очигледно главните уредници на „Курир“, „Република“, и “Радио слободна Македонија”, братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков се плашат од вистината и за начинот на финансирање на овие медиуми. Помина еден месец откако СДСМ објави за приходите од 1.3 милиони евра на „Курир“, за приходите од 1.1 милион евра на „Република“, приходите од 617.000 илјади евра на “Радио слободна Македонија – се наведува во реакцијата од СДСМ.